ЗА НАС
Претпријатието КАРГО меѓународна шпедиција е основано во 1991 година и во текот на изминатите 32 години континуирано овозможува брзо и квалитетно посредување во царински постапки при увоз, извоз, реекспорт и европски транзит на стока. За таа цел ги поседуваме сите потребни банкарски гаранции и имаме развиено мрежа на сопствени подружници во Скопје и на граничните премини Табановце, Блаце, Богородица, Деве Баир и Ќафасан. Од овие локации ги покриваме сите царинските подружници со оперативно посредување во сите видови на царински постапки.
Како лиценцирани посредници во организација на превоз, реализираме различни видови на копнен, бродски и авионски транспорт. Со тоа обезбедуваме комплетна логистичка поддршка. Нашиот стручен тим, секој во својата област, тековно ги следи измените на законските прописи поврзани со увоз, извоз, транспорт и транзит и веднаш ги применува и навремено ги информира клиентите. Во прилог на ова можат да потврдат повеќе реномирани компании, корисници на нашите логистички услуги.
НАШИТЕ УСЛУГИ
Навремено и квалитетно организирање на царинско посредување при увоз, извоз, ре-експорт, европски транзит на стока, како и сите видови на транспорт и складирање.
УВОЗ
ИЗВОЗ
РЕЕКСПОРТ
ТРАНЗИТ
ПАТЕН ТРАНСПОРТ
БРОДСКИ ТРАНСПОРТ
АВИОНСКИ ТРАНСПОРТ
ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТРАНСПОРТ
СКЛАДИРАЊЕ
ЛОКАЦИИ
КОНТАКТ
Видое Смилевски Бато бр.1, Скопје
02/2430-958